Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари признава дека е „навистина иритантно“ што некој фудбалер има освоено повеќе „Златни топки“ од неговиот пулен Кристијано Роналдо.
Капитенот на Барса, Лионел Меси го помина Роналдо со освојувањето на шестата елитна награда на „Франс фудбал“ во декември и покрај тоа што Роналдо помогна Јуве да стигне до осмата титула во низа во Италија, а Португалија го освои првото издание на Лигата на нации на УЕФА.
По 4:0 победата над Удинезе во Копа Италија, во која Роналдо отсуствуваше поради болест, Сари вели дека се надева дека ќе се исправи оваа „фудбалска неправда“.
„Би сакал да му помогнам на Кристијано да освои шеста ’Златна топка’. Навистина нервира да помислите дека некој има повеќе од него. Размислувам како да му помогнам и тоа е целта на нашиот тим. Тоа би било праведно“, вели Сари.