Top Sport

Сари по поразот од Атлетико: Мора да се „ослободиме“ од шест играчи

По поразот на Јувентус од Атлетико Мадрди со 2-1 на вчерашниот пријателски меч, тренерот на „Старата дама“, Маурицио Сари ја коментираше играта на својата екипа.

„Задоволен сум од настапот, посебно во првото полувреме, и тоа против екипа која беше во подобра физичка форма од нас. Никогаш не смееме да примаме голови како тој вториот, но тое е дел од претсезонската работа. Сепак, мора да се „ослободиме“ од шест играчи за да ја задоволиме листата за Лигата на шампиони. Тоа никаде не сум го прочитал, а тој избор може да изгледа ненормално. Тоа ме става во многу тешка позиција на 20 дена пред крајот на преодниот рок. Тоа е срамота, ризикуваме некои играчи да не можат да настапат на високо ниво“ – вели Сари.

Запрашан за неговото мислење за Дибала, тој вели дека неговото мислење за Аргентинецот не треба да се зема во предвид.

„Дибала е со мене имаше само два тренинга, па сите оценки ќе се избрзани. Јасно е дека не може да биде на врвот на своите можности, а тоа влијае и на она што тој може да го стори како „лажна деветка“. Со Дибала може за се да разговарам, но пазарот тече и моето мислење е рамно на нула. Мора да ја смалиме листата за 6 играчи и тоа е се. Сакам сите да ги задржам, но нашиот проблем е што немаме играчи кои израснаа во овој клуб, постои само еден, па цела екипа во Лигата на шампиони ќе биде со 22 играчи од кои тројца голмани“ – рече тренерот на Јувентус.

Scroll to Top