Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покренала истрага против менаџерот на Челси, Маурицио Сари, поради неговото неспортско однесување на натпреварот против Барнли (2:2). Сари од главниот судија беше испратен на трибините.
Челси, во вторникот против Барнли, остана без два важни бода во борбата за четвртата позиција на табелата. „Сините“, во второто полувреме, никако не успеаја да го пробијат бункерот на противникот.
Во финишот, најпрвин поради една нервозна реакција, а потоа дека го напуштил предвидениот простор за тренерите Сари беше испратен меѓу гледачите.
По мечот, помошникот на Сари, Џанфранко Зола, рекол дека некој од тимот на Барнли го навредил тренерот.
„Маурицио е незадоволен. ова беше фудбалски натпревар. Некои работи често се говорат под налетот на адреналинот“.
Сари подоцна не се појавил ниту на прес конференцијата.