Top Sport

Интер сакаат да го „вдомат“ Ромелу Лукаку

Интер се заинтересирани да го донесат во Милано белгискиот напаѓач на Манчестер јунајтед како потенцијална замена за Мауро Икарди по „распадот“ на човечките односи во клубот и одземањето на капитенската лента, тврди „Тутомеркато“.

Интер наводно веќе се откажале од идејата да го заддржат Икарди по одбивањето да го продолжи договорот и одолговлекувањето на преговорите со неговата сопруга и агент, Ванда Нара, така што Лукаку е првата опција за негова замена.

Јунајтед би биле подготвени да го дадат Лукаку за 50 милиони евра, иако тоа е за 35 милиони евра помалку од сумата која ја дадоа на Евертон пред само две години. Во Јунајтед, Оле Гунар Солскјер најави „чистка“ во клубот, а Лукаку е еден од тие кои немаа стандардно место во првиот тим со него како тренер. Единствен проблем би била платата на Белгиецот од 10 милиони евра годишно.

Scroll to Top