Top Sport

Сари сака да го види Вилијан во Јувентус

Јувентус се мајстори за трансферот на слободните фудбалери. Ова лето ги донесоа Арон Рамзи и Адријен Рабио без да платат обесштетување, претходно тоа беше случај со Емре Џан…

Во клубот веќе имаат план за наредното лето кога слободен играч на пазарот ќе биде Бразилецот од Челси, Вилијан.

Тренерот Маурицио Сари минатата сезона работеше со Бразилецот во Челси и токму со него има намера да го засили редот за врска и да ја зголеми бразилската колонија во клубот.

„Вилијан е приоритет. Јувентус внимателно ја следат ситуацијата со него. Имаат намера да го потпишат во јануари, доколку тој не го продолжи договорот со Челис“, пишува „Тутоспорт“.

Вилијан е играч на Челси од 2013 година, а британските медиуми јавија дека тој неколку пати ги одбил Челси откако се појавил интересот на Јувентус.

Scroll to Top