Во следните три недели, Челси ќе бара место на „Стемфорд бриџ“, каде што нивниот нов менаџер, Маурицио Сари ќе може да го исполнува својот најголем порок – цигарите.
Поранешниот банкар и тренер на Наполи, според „Мирор“ пуши околу 80 цигари дневно (4 кутии!), или пет цигари по час, а додека во Италија му беше дозволено да пуши и во текот на натпреварите, според британските закони, тој не може да пуши на „Стемфорд бриџ“.
59-годишниот Сари наводно од сопственикот на Челси, Роман Абрамович добил „наредба“ да намали со цигарите, но и да носи костуми на натпреварите, откако во Наполи постојано беше во тренерки.