Новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари призна дека е исфрустриран со своите фудбалери по 2:0 поразот од Арсенал, велејќи дека е „невозможно да се мотивираат“.
Посебно лоша беше играта на одбраната на Челси, која пропушти многу топки и беа виновни за првиот гол на Александер Лаказет, пред за вториот гол Арсенал да имаат малку повеќе среќа. Покрај тоа, нивната игра беше предвидлива и Италијанецот не ги штедеше.
„Морам да кажам дека сум екстремно лут бидејќи овој пораз е поради менталитетот на фудбалерите. Тие беа далеку попосветени на мечот од нас и тоа едноставно е неприфатливо. Слично како на мечот со Тотенхем, но зборував со фудбалерите и мислев дека тоа е решено. Сакам да зборувам за тактика, но има група фудбалери кои е невозможно да ги мотивираш. Тешко е да го менуваш нивниот менталитет и ако не сакаат да ја прифатат одговорноста, тогаш можеби не треба да играат на ова ниво. Јас сум одговорен за фудбалерите, но тие мораат да имаат вистински став“, вели Сари.
Пред Челси доаѓа уште еден тежок меч многу бргу –дуелот од ФА купот со Тотенхем веќе во четврток.
Фото: ЕПА