Top Sport

Сари: Знам дека пушам премногу, некогаш и 60 цигари се малку

Маурицио Сари вели дека неговото лидерство на Јувентус сака да биде мешавина на новото и старото, објаснувајќи ја задачата во првото ТВ-интервју во четвртокот.

„Првото чувство е свесноста дека дојдов во многу важен клуб. Имав среќа што дојдов од Челси, кои последните години станаа многу важен клуб, но со поинаква историја. Тука таа е подолга и побогата. Чувството кое го добиваш од клубот го прават луѓето и во Торино запознав група со одличен менталитет и посветеност. Клуб со голема хармонија и компактност“, вели Сари.

Тој се осврна и на навиката која го прави препознатлив – пушењето цигари. Во Челси имаше посебен проблем бидејќи пушењето на англиските стадиони е забрането и честопати беше забележуван како грицка филтер од цигара.

„Пушам по 60 цигари дневно и знам дека тоа е премногу. Не чувствувам голема потреба да пушам на натпреварите, но веднаш по крајот цигарата ми е навистина потребна“, објаснува Сари.

60-годишниот Сари доаѓа по само една сезона во Премиер лигата, каде што успеа на „сините“ да им донесе пласман во топ 4 и титула од Лига Европа.

„Премиер лигата е најдобрата лига на светот според видливоста и техничкото ниво на работа со фантастични услови. Атмосферата на стадионите е фантастична, со деца и семејства на клупите. Лигата е многу силна и тешко е да го достигнеш тоа ниво. Но, кога посакав да е вратам дома, Јувентус беа најпосветени. Дојдов во клуб со кој до пред една година бев голем ривал и се борев за титулата“, додава Сари.

Поранешниот прв човек на Наполи исто така се осврна и на фактот што за неколку години од ниските италијански лиги дојде во клуб кој освои осум титули во низа.

„Има постојан раст во квалитетот на клубовите во кои работев. Полесно е голем фудбалер да направи менаџер, откако обратно. Кога почнуваш на 35 години веруваш дека ќе имаш влијание, но подоцна сфаќаш дека зависиш од квалитетот на своите фудбалери. Тие се поважни од мене“, завршува Сари.

Scroll to Top