Top Sport

Се јави и Вероник Рабио: ПСЖ не му нудат договор на мојот син

Вероник Рабио, мајката и агент на францускиот ас Адриен Рабио вели дека вестите дека Пари Сен-Жермен понудиле нов договор на нејзиниот син.

Вчера повеќе француски извори посочија дека новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо сака да го убеди фудбалерот од средниот ред да остане на „Паркот на принцовите“ и покрај тоа што тој беше во отворена војна со клубот минатата сезона.

„Морам формално да го демантирам тоа. Прочитав дека Адриен се сретнал со Леонардо или дека одбил продолжување. Немаше таков разговор туку со Леонардо се збогувавме културно. Немаше понуда, нема ниту сега, нема ниту да има“, изјави таа за „РТЛ“.

Со ова останува старата шпекулација која вели дека Рабио е блиску до трансфер во Јувентус.

„Во фудбалот сме малку суеверни и не сакаме да објавуваме ништо додека работата не е завршена“, додава мајката на Рабио.

Scroll to Top