Top Sport

Лутиот претседател на Фенер му се закани на Озил: Фокусирај се на фудбалот

Месут Озил доби порака од претседателот на Фенербахче, Али Коч да почне да се фокусира на својата фудбалска игра и да ги стави комерцијалните интереси на второ место, откако 33-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал и Реал Мадрид повторно е незадоволен во Истанбул.

Озил пристигна во Фенер во јануари 2021 откако се договори за раскин на договорот со Арсенал, но и покрај тоа што велеше дека дресот на Фенербахче ќе биде остварување на неговиот сон од детството, работите не одат најдобро.

Озил јасно го кажа своето незадоволство од тоа што нема статус на стандарден првотимец, но Коч е се согласува.

„Од почетокот на сезоната, Месут Озил беше споредуван со Робин ван Перси со статусот во клубот. Озил сака да игра повеќе. Затоа, отсега треба да се фокусира на својата игра и да ги остави комерцијалните интереси на страна. Мора да сака да помогне на Фенербахче, а нашиот тренер да најде начин да го извлече максимумот од него. Нема проблем, Месут е незадоволен бидејќи не игра редовно“, изјави Коч.

Сезоната 2019/20 Фенербахче ја завршија на седмото место и очекувањата беа со Озил да се крене нивото на тимот, но тој пропушти повеќе натпревари во финишот на сезоната 2020/21 поради повреда и немаше гол во 11 меча. Новата сезона, пак, е одбележана со испади на Озил – на 3 октомври на мечот со Касимпаша, каде што остана на клупата, тој го фрли дресот кон тренерот Витор Переира, а на 21 октомври при 2:2 ремито со Антверпен во Лига Европа, тој шутираше шишиња со вода откако беше заменет.

Scroll to Top