Top Sport

Саудијците, сепак, нема да добијат „Ролс ројс“ за победата над Аргентина

По сензационалната 2:1 победа на Саудиска Арабија над Аргентина, се појави веста дека богатата азиска земја, односно кралот Салман ќе им подари по „Ролс ројс“ вреден 450.000 евра, но стрелецот на победничкиот гол, Салех Ал-Шехри тврди дека тоа не е вистина.

„Тоа не е вистина. Тука сме да играме за нашата зеемја и да го дадеме максимумот и тоа е нашето најголемо остварување“, вели Ал-Шехри.

Сепак, доделувањето на скапи автомобили не би било нешто чудно во Саудиска Арабија – Саид Ал-Oвараин во 1994 година навистина доби „Ролс ројс“ од кралското семејство откако го постигна победничкиот гол за 1:0 над Белгија, победа со која првпат стигнаа до нокаут фазата.

Scroll to Top