Top Sport

Саудиска Арабија сака да ги привлече Меси и Роналдо во нивната лига

Владата на Саудиска Арабија има амбициозен план да ги донесе Лионел Меси и Кристијано Роналдо во нивната домашна лига и нема да штеди да ја оствари целта, тврди британскиот „Дејли мирор“.

Роналдо е слободен агент откако во вторникот се договори со Манчестер јунајтед за раскин на договорот по остриот напад на менџерот Ерик Тен Хаг и американските газди (меѓу другите) во интервјуто со Пирс Морган минатата недела. Од друга страна, договорот на Меси со Пари Сен-Жермен завршува на крајот на сезоната и според француските медиуми тој одбива да потпише нов договор со францускиот гигант.

Меси, кој по слабата мината сезона со ПСЖ оваа година игра во топ-форма, има посебна врска со азиската држава, откако има богат договор за да биде амбасадор на Туристичкиот борд на Саудиска Арабија. Тој претходно кажа дека ќе направи одлука за својата иднина по Светското првенство.

Неодамна, министерот за спорт на Саудиска Арабија, Принцот Абдулазиз бин Турки Ал-Фаисал во интервју за „Скај њуз“ потврди дека има планови да го донесе Роналдо.

„Кој не би го сакал во својата лига? Тој е вистински пример за толку млади фудблери, тој и Лео Меси. Ако можат би сакал да ги видам двајцата да играат во Саудиска Арабија“, изјави тогаш Ал-Фаисал.

Scroll to Top