Top Sport

Камерунецот Ондуа игра на Мундијалот со руско знаме на копачките

Камерунскиот репрезентативец Гаел Ондуа го однесе руското знаме на Светското првенство во Катар, откако го има на своите копачки во знак на респект кон неговата „втора татковина“. Русија не е во Катар, откако беа исфрлени од баражот против Полска поради војната во Украина, но Ондуа вели дека нема проблем да го каже своето убедување.

Ондуа од својата деветта година живее во Русија, каде што беше дел од младинскиот тим на Локомотив Москва, а 27-годишниот дефанзивец играше и за ЦСКА Москва, Анжи Махачкала, украинскиот Зорја Луханск и германскиот Хановер.

„Никој од организаторите не обрна внимание на руското знаме на моите копачки. Тоа не може да биде одземено од мене бидејќи се чувствувам и како Камерунец и како Русин“, вели 27-годишниот Ондуа.

Scroll to Top