Top Sport

Уште еден клиент на Мендеш ќе заврши во Јувентус (Видео)

Младиот лев бек на Бенфика, Алехандро Грималдо се наоѓа во трансфер пановите на италијанскиот шампион Јувентус. Поради Грималдо, Јувентус во петокот, имал свои скаути на натпреварот помеѓу Бенфика и Порто.

Грималдо има 23 години, а италијанскиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо, тврди дека за неговите услуги се заинтересирани Манчестер јунајтед, Барселона и Реал Мадрид.

Предноста на Јувентус е менаџерот Жорж Мендеш, кој летово во Торино ги однесе Кристијано Роналдо и Жоао Кансело.

Грималдо треба да го замени на левата бековска позиција Алекс Сандро. Бразилецот има договор до 2020 година, а ги одбил понудите да потпише нов, поради што се претпоставува дека во наредните два трансфер периоди ќе го напушти Торино.

За Алекс Сандро Јувентус ќе добие најмалку 50 милиони евра, додека за трансферот на Грималдо ќе треба да издвојат 35 милиони евра.

Scroll to Top