Преземањето на Њукасл јунајтед од страна на богатите саудиски шеици повторно е тема во британските медиуми, откако Саудиска Арабија ги реши проблемите со „БеИН спортс“, носителот на ТВ-правата на Премиерлигата.
Летото 2020 конзорциумот предводен од Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), браќата Реубен и Аманда Стевели се обиде да го преземе Њукасл, но Премиерлигата не го одобри тоа откако не успеаја да докажат дека не се поврзани со саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Ова беше по загриженоста на катарскиот „БеИН“ за пиратирањето на мечевите од Премиерлигата, но сега тој случај е решен со исплата од 1 милијарда долари до компанијата и нема да има потреба да се оди на арбитрација која ја побара сегашниот газда на Њукасл, Мајк Ешли.
ПИФ ќе преземе 80 отсто од клубот, додека Стевели и Дејвид и Симон Реубен ќе ги имаат преостанатите 20 отсто од акциите.
Секако, ова повторно предизвика возбуда кај навивачите на Њукасл, кои се незадоволни од 14-годишното водење на клубот од Ешли, откако се претпоследни во Премиерлигата и без победа во првите седум кола.