Саул Нигуез верува дека неговиот Атлетико Мадрид може да направи изненадување и да ги елиминира „животните“ од актуелниот европски шампион Ливерпул, бидејќи статистиката е тука да се „руши“.
Првиот дуел од осминафиналето на ЛШ ќе се игра утре на „Ванда метрополитано“, каде што Ливерпул последен пат беше кога го крена шестиот европски куп минатиот мај. Оттогаш, тимот на Клоп направи неверојатна предност од 25 поени во Премиер лигата, освојувајќи 103 од последните 105 поени во домашните натпреварувања.
Саул инсистира дека тие не се плашат од „црвените“.
„Што можеш да направиш против такви бројки? Да ги срушиш. Во фудбалот нема долга меморија, тоа што си го направил вчера не важи денеска. Видете не нас. Пред Нова Година имавме одлични резултати, а потоа малку потфрливме и луѓето сакаат да не убијат. Дали е фер? Не, но тоа е животот. Знаеме како можеме да ги повредиме Ливерпул, ги знаеме нивните сили и слабости и секогаш се натпреваруваме против големи клубови. Мора да ја искористиме домашната предност“, вели Саул во интервју за „Гардијан“.
Тој признава дека мора да се крене нивото да се изддржи темпото на Ливерпул.
„Тие ги имаат тие ’перос де преса’ (ловечки кучиња) во средината кои само трчаат и притискаат. Тоа не е трчање колку да се трча, туку прават работи кои не се нормални, кои изгледаат како безредие, но се план. Клоп вели дека играат со срце, но тоа е испланирано. Тие притискаат како животни, бидејќи знаат дека дури и да загубат топка, тука се седум кои ќе трчаат да ја вратат. Тие се комплетен тим“, вели Саул.