Top Sport

Саутгејт ги искара Англичаните: Навистина не требаше да примиме два гола

Иако Англија стигна до убедлива 6:2 победа над Иран, најголем триумф на отварање на еден Мундијал за „трите лава“, нивниот селектор Герет Саутејт не беше целосно задоволен, бидејќи сметаше дека тие едноставно не требаа да дозволат да примат два гола.

По еден час игра, Англичаните имаа 4:0 водство, но Мехди Тареми постигна два гола за Иранците – прво во 65. минута, а потоа и од пенал во судиското продолжение со удар од белата точка.

„Да се победи убедливо на начин на кој што игравме во поголемиот дел од мечот е нешто што ме прави среќен. Пресингот беше добар, движењето исто така. Треба да сум среќен, но лут сум бидејќи примивме два гола. Мораме да ја подобриме играта во одбраната пред мечот со САД“, вели Саутгејт.

Проблеми на Саутгејт можат да му предизвикаат повредите – Хери Мегваер беше изваден од игра со потрес на мозокот, додека Хери Кејн беше забележан со преврска на скочниот зголб по крајот на мечот.

Scroll to Top