Top Sport

Никогаш не е убаво да се видат празни места на Мундијал

Мечот помеѓу Холандија и Сенегал на „хартија“ треба да биде еден од најатрактивните во првото коло на Светското првенство во Катар и беше разочарувачки да се види како на стадионот „Ал-Тумама“, кој и така има скромни 40.000 седишта, да има (пре)многу празни места.

Секако, за разлика од Мундијалите во Европа и Јужна Америка, кога тешко се доаѓа до билет, овојпат првенството се оддржува во необичен есенски термин, а ниту вестите за скап престој и „солени“ цени за јадење и пијалок не уверија многу Холанѓани да отпатуваат за Катар.

За потсетување, и на Светското првенство во Русија во 2018 година, имаше мечеви на кои имаше илјадници празни седишта, со оправдување дека се работи за места кои ФИФА и спонзорите ги чуваат за „ВИП-гости“.

Нема билети на продажба, а илјадници празни седишта во Екатеринбург (галерија)

Scroll to Top