Фудбалскиот сојуз на Англија ќе му понуди нов договор на селекторот Герет Саутгејт. Доколку се согласи, Саутгејт ќе стане селектор со најголема плата во историјата на „Гордиот албион“.
Според англиските медиуми, Сојузот му нуди годишна плата од шест милиони фунти. Толква плата, во минатото имал само легендарниот Италијанец, Фабио Капело.
Барем засега, Саутгејт, успешно ги избегнува преговорите. Сака да се фокусира на последните квалификациски натпревари. Англичаните се на чекор до обезбедувањето на првата позиција во групата, имаат три бода повеќе од Полска.
До крајот на квалификациите, Англија вечерва ќе ја пречека Албанија, а во понеделник ќе гостува во Сан Марино.