Англискиот селектор Герет Саутгејт инсистира дека нема проблем што ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд реши да се „прошета“ до Њујорк откако се повлече од репрезентативните обврски во мечевите со Италија и Украина поради повреда.
Ова значи дека Рашфорд, ако не се смета настапот на СП во Катар, има пропуштено пет од последните шест мечеви на Англија и англиските медиуми тврдат дека си ги загрозува шансите да биде дел од тимот за ЕУРО 2024 следната година откако објави фотографии со својата девојка на прошетка во Њујорк.
„Откако стана јасно дека нема да биде дел од тимот, Маркус самиот одлучува како ќе го помине своето време. Фудбалерите не добиваат многу паузи и сакаат да ги искористат. Мојот фокус е кон тие кои се со тимот, и како да стигнеме до победи“, вели Саутгејт.