Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, легендарниот Дејан Савичевиќ во гест на добра волја постави цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Косово, Фадиљ Вокри пред вечерашниот дуел на двете репрезентации.
Вокри, кој беше легенда на српскиот клуб Партизан, беше на чело на косовскиот фудбалски сојуз од основањето во 2008 до смртта во јуни 2018 година.
„Не можев да присуствувам на погребот на Фадиљ Вокри, па ја искористив оваа шанса да се поклонам на неговиот гроб. Бев добар пријател со Фадиљ и добро соработувавме, а најмногу се зближивме кога бевме заедно во војска. Милан Миљаниќ тогаш направи спортска чета, составена од фудбалери и репрезентативци од цела поранешна Југославија и тука склопивме пријателство кое продолжи и кога Косово стана член на УЕФА и ФИФА“, изјави Савичевиќ за „Коха диторе“.
President of Montenegro Football Federation Dejan Saviçeviç paid a tribute to Fadil Vokrri today alongside president Ademi ahead of #KOSMNE .#BashkëPërKosovën ???? pic.twitter.com/JvPE7HWGqS
— Kosovan Football ?? (@kosovanfooty_EN) October 14, 2019