Дејан Савичевиќ, поранешниот играч на Милан, во интервју за „Газета дело спорт“, говорел за поранешните и актуелните играчи на „росо-нерите“, а едно од прашањата се однесувало на Гонзало Игуаин и Мауро Икарди.
Свичевиќ ги споредил напаѓачите и според него подобар е Игуаин.
„Тие двајца се различни играчи. Јас би го избрал Игуаин бидејќи тој не постигнува само голови туку и учествува во играта на својот тим, асистира и ја унапредува целата таа група. Икарди е фантастичен фудбалер, но за него треба да работи целиот тим“, рекол Дејо.
Тој проговорил и за Хакан Чалханоглу играч кој во Милан го носи броот 10, кој некогаш го носеше и Савичевиќ. Турскиот репрезентативец е во лопа форма и често е критикуван од италијанските медиуми.
„Десетката? Мене не ми беше тоа важно. Кога почнав да играм престанв да размислувам за бројата. Доколку чувствува притисок тоа може да му претставува проблем. Не знам која е причината што игра во толку лоша форма“, завршил Савичевиќ.