Славниот црногорски фудбалер Дејан Савичевиќ во интервју за „Спорт клуб“ конечно објасни зошто вербално се пресмета со еден хрватски навивач пред 20 години во видео кое стана легендарно на Интернет.
На 9 октомври 1999 година се играше квалификацискиот дуел за ЕП 2000 помеѓу Хрватска и СР Југославија, а додека Савичевиќ даваше интервју еден навивач му дофрли: „Ти си гомно“, по што тој луто реагираше.
„Да те е.ам во устата шркбава, попуши го малку пургеру. Дојди ваму пи.ко една“, му извика Савичевиќ, по што продолжи да го дава интервјуто.
Тогаш СР Југославија успеа да се квалификува во групата, додека Хрватска остана со „кратки ракави“.
„Давав изјава и слушнав дека некој ме навредува. Во еден момент во главата имав само пцости. Се свртев и видов човек од метар и шеесет, со дрес со шаховница, црна јакна и некои тренерки. Немаше два заби! И тогаш го опцув. Секако, не сум горд на тоа и не би сакал да ме паметат по тоа. Режисерот ми вети дека ќе го исече тој дел, но неколку месеци подоцна ми се преврте желудникот кога ја видов снимката“, вели Савичевиќ.