Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ, побарал во летниот преоден рок да му биде дозволено да замине од клубот, објавија шпанските медиуми.
Репрезентативецот на Црне Гора пред четири години пристигна во тимот на Чоло Симеоне од редовите на Фиорентина.
Интерес за Савиќ од лани покажува Јувентус, а во меѓувреме во трката за неговиот потпис се вклучиле Шалке и Милан. До почетокот на летниот преоден рок има уште многу време што значи дека уште некој може да пројави интерес за централниот дефанзивец.
Савиќ за Атлетико има одиграно 83 натпревари на кои постигнал еден гол.