Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ, најмногу четири недели ќе биде надвор од фудбалските терени, објавија шпанските медиуми.
Црногорецот се повреди во неделата за време на натпреварот против Леванте (1:0). Савиќ против Леванте одигра само девет минути.
„Лекарските прегледи покажаа дека нашиот фудбалер има проблеми со задната ложа’, стои во клупското соопштение.
Савиќ ќе ги пропушти натпреварите со Уеска, Хетафе и Бетис во Ла Лига како и дуелот во Купот со Џирона.