Саво Милошевиќ си замина од позицијата на тренер на Партизан по бурното гостување кај Вовојдина во Нови Сад, по што изјави дека загубил желба да работи во српската Суперлига, најмногу поради судиските неправди.
Милошевиќ во неделата доби црвен картон при 3:2 поразот од Војводина, фрлајќи со пластично шише кон судијата и шутирајќи го микрофонот покрај теренот поради „сомнителните“ судиски одлуки.
„Не сум во афект, тоа што се случи во Нови Сад не беше капка која ја прели чашата. Таму си дозволив да направам грда работа, нешто што не треба да прави еден тренер и еден педагог, а не тренер на Партизан. Но, не ме убеди Нови Сад, ова трае долго време и веќе е мачно. Што да кажам на момците кога ќе влезам во соблекувална, како да ги погледнам во очи. Самиот на себе знам што да си кажам: Да си одиш од тука и никогаш да на работиш тука“, изјавил Милошевиќ за „Спорт клуб“.
Партизан загуби во драма, Саво Милошевиќ го „гаѓаше“ судијата, клоцаше микрофони…