Top Sport

Саво Милошевиќ ќе биде новиот селектор на Србија

Саво Милошевиќ, наскоро ќе биде промовиран во нов селектор на Србија. Медиумите во Србија тврдат дека само прашање на време е кога Фудбслскиот сојуз официјално ќе ја објави оваа информација.

Поранешниот репрезентативец, кој во минатото беше и директор на националниот тим, остана единствен кандидат за наследик на Љубиша Тумбаковиќ.

Фудбалскиот сојуз на Србија, претходно не успеа да се договори со Драган Стојковиќ-Пикси и Дејан Милојевиќ.

Медиумите шпекулираат дека најголем дел од репрезентативците го поддржале изборот на Милошевиќ.

Саво Милошевиќ како тренер работел само во Партизан. Овој клуб го предводеше 18 месеци, во првата сезона го освои Купот на Србија, а во септември си поднесе оставка на функцијата, тогаш изјави дека „никогаш повеќе нема да работи во српскиот фудбал“.

Scroll to Top