Top Sport

Се бара оставка од Флорентино Перез: Тој човек го киднапираше Реал

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, во изјава за шпанските медиуми, побарал оставка од актуелниот претседател на клубот, Флорентино Перез.

Калдерон, пет години беше директор на клубот, (2001-2006), а од 2009 година и негов претседател.. Калдерон, смета дека, Перез со иницијативата да се формира Суперлигата, на фудбалот му забил „нож во грбот“.

„Тоа лудо. Направено без размислување и на многу глупав начин“.

Тој го обвини Перез дека е главниот виновник за финансиската криза во која се наоѓа „кралскиот клуб“ и дека за да го спаси клубот треба да си поднесе оставка.

„По големиот неуспех, неговата оставка би била достоинствен чин на заминување. По она што го направи и откако го донесе клубот во критична фаза, тоа треба да го направи. Но, тоа од него немојте да го очекувате. Без никакво право се обидува да биде газда на фудбалот и на Реал. Од неговото доаѓање во клубот не се одржани избори, јас бев последен претседател“, рекол Калдерон.

Scroll to Top