Top Sport

Се договориле Манџукиќ и Манчестер Јунајтед

Марио Манџукиќ во јануари ќе го напушти Јувентус и ќе стане играч на Манчестер Јунајтед. Британските медиуми тврдат дека двете страни успеале да се договорат и околу годишната плата на напаѓачот.

Платата била главната пречка во преговорите. Манџукиќ барал неделна палата од 347.000 евра, а Јунејтед биле подготвени да го плаќаат 170.000 евра недела, на што тој се согласил.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во финишот на преодниот рок покажа интерес за Манџукиќ. Хрватот откако разбра за интересот на славниот клуб го откажа трансферот во Катар.

Scroll to Top