Top Sport

Сè е во ред со Џејмс Родригез

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џејмс Родригез  се опоравува од потресот на мозокот кој го доби во саботниот пораз од Борусија Менхенгладбах.

Колумбиецот беше заменет на полувремето по судирот со глави со дефанзивецот на Менхенгладбах, Тони Јанчке, и во неделата се јави на Твитер дека „се чувствува многу подобро“.

Тренерот на Баерн, Јуп Хајнкес по мечот изјави дека Родригез не знаел колку е резултатот на полувреме, и имаше мали контроверзи дали тој требал да биде порано повлечен од мечот. Сега, Родригез нема да тренира неколку дена.

„Тивка сабота. Се чувствувам добро по ударот кој го добив вчера“, напиша Родригез на Твитер.

Јанчке пак, доби повреда на главата во судирот и исто така беше заменет.

Родригез добил потрес на мозокот, не го знаел резултатот

Scroll to Top