Семејството на Кристијано Роналдо застана во негова одбрана по обвинувањата за силување, покажувајќи ја својата поддршка на социјалните мрежи со фотографија на „ЦР7“ како Супермен.
Мајката на напаѓачот на Јувентус, Долорес, и неговата сестра Катја ги објавија фотографиите со ист текст.
„Сакам да видам кој има храброст да ја постави оваа фотографија на својот профил една недела. За Португалија, за него, за нас, за обединувањето на луѓето, за правдата. Тој го заслужува тоа“, се вели во пораката со хеш-тег на португалски „Правда за ЦР7“.
33-годишниот Роналдо се соочува со нова полициска истрага по обвинувањата на Кетрин Мајорга дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 откако ја поканил во неговата хотелска соба. Роналдо ги опиша вестите како „фејк њуз“. Првата полициска истрага беше откажана, а Мајорга тврди дека добила 300.000 долари од Роналдо во 2010 за својата тишина. Денеска пак, се појавија вети дека има уште три обвинувања против фудбалската ѕвезда.