Фудбалерите на Баерн Минхен првиот меч по паузата од две месеци го одиграа во Берлин. Лидерот во Бундеслигата забележа победа над Унион Берлин 2:0 и ја задржа предноста од четири поени во однос на Борусија Дортмунд.
Унион Берлин и Баерн Минхен, според правилата играа пред празни трибини, меѓутоа двајца навивачи нашле начин како да го гледаат натпреварот.
Двајцата се качиле на дрво високо 12 метри во близина на стадионот, набргу полицијата ги „уловила“.
Навивачите добиле кривични пријави.
Two fans climbed a 12 meter long tree near the stadium today to be able to watch the game from there, but not for long. Police intervened and brought the fans down [Bild] pic.twitter.com/YOgWYYHbVH
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May 17, 2020