Фудбалската федерација на Украина утврди дека нема ништо проблематично откако снимките од второлигашкиот меч помеѓу Ужгород и Кремин покажаа дека еден гостински фудбалер се радува на голот на своите ривали во мечот кој заврши 2:0.
Виталиј Бојко беше забележан дека ги крева рацете во воздух во знак на триумф откако Микола Гајдучјук ги донесе домаќините во водство во 64. минута од мечот. Според украинскиот портал „Трибуна“, федерацијата го разгледала случајот и не пронашла „аномалии“, а самиот Бојко се правдаше дека гестот е во знак на фрустрација и умор.
„Кој ви вели дека бев среќен што примивме гол. Ако го погледнете цел меч, ќе видите дека ги кревам рацете и потоа сум лут. Не бев среќен за голот во никој случај. Како да бидам среќен кога 20 часа патував со автобус за да стигнам тука. Дојдовме во Ужгород по победата, но фудбалот понекогаш е таков“, вели Бојко.
Investigation opened in Ukraine after FC Kremen player Vitaly Boyko celebrated his team conceding a goal.
The player (No 18) claims it was frustration, not celebration: "How could I cheer for our opponents after spending 20 hours in a bus to get here?" pic.twitter.com/kAAsaJm51N— Artur Petrosyan (@arturpetrosyan) October 15, 2021