Top Sport

„Се ракував со Меси, знае дека немав намера да го удрам“

Играчот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг, рекол дека, по одиграниот меч во Лигата на шампионите, не постои анимозитет помеѓу него и најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.

Барселона, во средата, победи на „Олд Трафорд“ (0:1) со авто-голот на Лук Шо, а мечот го обележа и еден дуел на Смолинг и Меси, по кој Аргентинецот заврши со раскрвавен нос. Поради повредата, Меси во второто полувреме не бил на препознатливото ниво, тврдел по мечот тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

„Разговаравме по натпреварот. Се ракувавме“, рекол Смолинг.

„Меси знае дека немав намера да го удрам. Тоа е несреќен случај. Добро е што и покрај борбата што се води на теренот постои почит надвор од него. На крајот сите се трудиме да одиграме најдобро што можеме“, заклучил играчот на Јунајтед.

Реваншот на „Ноу Камп“ во Барселона ќе се одигра на 16 април.

Окото не изгледа добро, Меси го пропушта реваншот?

Scroll to Top