Top Sport

Се расплеткува хаосот во Атина: Отпечатоците покажуваат дека убиецот е грчки државјанин?

Навивач на АЕК го загуби животот во синоќешната тепачка со навивачите на Бад Блу Бојс и на Панатинаикос. За време на немирите беа уапсени повеќе од сто лица, од кои околу 90 се од Хрватска. Навивачите на Динамо Загреб пристигнаа во Атина на натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, иако добија забрана за гостување. Тие ги нападнаа навивачите на АЕК веднаш до стадионот.

Десет навивачи завршија во болница, од кои еден Грк е во тешка состојба и се бори за живот.

Од грчката полиција велат дека напаѓачот оставил ДНК на навивачот кој починал. Се трага по нож кој бил фрлен и сокриен како клучен доказ за убиството. Сепак, според последните информации од Атина, полицијата има отпечатоци од убиецот и тој е грчки државјанин, јавува „Нова ТВ’ од Атина.

Во синоќешната тепачка заедно со „Бед Блу Бојс“ учествуваа навивачите на Панатинаикос кои имаат пријателски односи со ултрасите на Динамо и се големи градски ривали со навивачите на АЕК.

 

Scroll to Top