Top Sport

Се сеќавате на „новиот Пеле“ Фреди Аду? Вели дека бил подобар од Ди Марија

Американецот Фреди Аду, човекот кој беше најавуван како „новиот Пеле“, вели дека бил подобар фудбалер од Анхел ди Марија и дека најголемата грешка во неговата кариера била одлуката да си замине од Бенфика.

Аду беше најавуван како вистинска суперѕвезда кога пристигна во Бенфика во 2007 година со договор од 1 милион фунти од Реал Солт Лејк, но за португалскиот гигант одигра само 14 меча и четири пати беше позајмуван во други клубови (Монако, Белененсес, Арис и Ризеспор), пред да се врати во САД со Филаделфија јунион во 2011 година.

„Најголемата грешка во мојата кариера беше што заминав од Бенфика на позајмица во Монако. Го кажувам ова од срце. Тоа бше одлука за која навистина жалам. Во Бенфика имав три тренери во една година, а клубот беше во таква ситуација што сакав да заминам што е можно побргу. Но, тоа беше најлошата одлука. Се приклучив на клубот во исто време со Ди Марија. Првата година бев подобар од него, но решив да заминам, а тој остана. И што се случи? Тој доби шанса да биде стартер, а две години подоцна беше во Реал Мадрид. А јас бев позајмен во Белененсес“, вели Аду.

Првиот пик на МЛС драфтот и најмлад стрелец во американската лига со само 14 години во 2004, Аду беше сметан за најталентираниот американски фудбалер во историјата и во 2006 година доби проба со Манчестер јунајтед.

Сега, тој е во 15. клуб во својата кариера – шведскиот треголигаш Остерлен, кој му даде шанса во октомври откако тој две години беше без ангажман по настапите за Лас Вегас лајтс во 2018.

Scroll to Top