Top Sport

Конор-Поаире на 23 јануари на „Островот на борбите“

УФЦ се враќа на „Островот на борбите“ во Абу Даби за првиот голем настан во 2021 година, кога на 23 јануари ќе се случи и камбекот на двократниот шампион Конор Мекгрегор на УФЦ 257 против Дастин Поаире.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека мечот во средна категорија ќе се оддржи на островот Јас во Абу Даби, како кулминација на три настани во седум дена – УФЦ Фајт најт на 16 и 20 јануари, и УФЦ 257 на 23 јануари.

На 16 јануари ќе се одддржи меч во перо категорија помеѓу поранешниот шампион Макс Холовеј (21-6) и Калвин Катар (22-4), додека главен меч на 20 јануари ќе биде помеѓу новата УФЦ ѕвезда, Хамзат Чимаев (9-0) и Лион Едвардс (18-3).

Ова ќе биде трета посета на „Островот на борбите“ во Абу Даби по пандемијата на КОВИД-19 во март.

Scroll to Top