Top Sport

Се шири ковид-болницата во Тотенхем, 8 играчи се позитивни на вирусот

Расте бројот на заразените со ковид 19 во редовите на Тотенхем поради што мечот против француски Рен во последното коло од Конференциската лига е под знак прашање. Моментно на Ковид 19 се позитивни 8 играчи и 5 членови на стручниот штаб.

Клубот се уште официјално не соопшти кои од играчите се меѓу заразените, но медиумите наведуваат дека Сон Хаунг-Мин, Лукас Моура и Бен Дејвис се меѓу нив.

„Проблемот е што секој ден имаме нови луѓе со корона. Тие што вчера не биле позитивни, денеска се позитивни“ рече менаџерот Антонио Конте.

Италијанскиот стручњак додаде дека на располагање има само 11 здрави играчи.

„Имавме тренинг. Се подготвуваме за мечот со Рен, но многу е тешко затоа што постојано велат: `Овој е позитивен, и овој е позитивен, и овој е позитивен`.“ вели Конте.

Според правилата на УЕФА, клубот може да има 13 незаразени фудбалери вклучувајќи меѓу нив и еден голман.

Епидемијата доаѓа во многу лош момент за „петлите“ кои врзаа три победи во низа.

Scroll to Top