Тренерот на фудбалскиот клуб Штурм од Грац, Нестор Ел Маестро, во минатото два пати го менувал својот идентитет. Тој е роден пред 37 години како Нестор Јевтиќ, а во разговор за „Гардијан“ признал дека во минатото му било срам што е Србин, поради што решил да го смени идентитетот.
„Два пати го менував идентитетот. Првиот пат го направив тоа кога имав 16-17 години. Сакав да се откачам од она „иќ“. По толку години во Англија се чувствував како Британец. Се срамемв што сум од Србија земја која во тоа време во светот беше позната како агресор. На тиранинот Слободан Милошевиќ чие презиме исто така завршуваше на „иќ“ му се судеше за воени злосторства“, рекол Ел Маестро, откривајќи дека е во детството навивал за Црвена звезда, а во Англија со родителите се преселил кога имал осум години.
Кога го сменил иметот тој станал Џон Смит.
„најпрвин го сменив иметот во Џон Смити или некако слично. Кога наполнив 18 години добив чуство дека сум лажен, се чувствував глупаво со такво име. Родителите ми беа странци, го задржав името Нестор кое секогаш ми се допаѓало, а во момент на тинејџерско лудило презимето го сменив во Ел Маестро. Тогаш ми звучеше „кул“. Сега сум Ел Маестро подолго него што сум бил Јевтиќ, научив да живеам со тоа“.
Ел Маестро во кариерата работел во младинските тимови на Валенсија и Австрија од Виена. Бил помошник во Шалке, Хановер и ХСВ, а пред да го преземе Штурм работел во Спартак Трнава и ЦСКА Софија.