Top Sport

Се тепаа фудбалерите на Војводина и Партизан (Видео)

Натпреварот помеѓу Војводина и Партизан во последното коло во Суперлигата на Србија имаше и свое трето полувреме. Дуелот на тимовите кои во среда ќе се борат за пехарот во Купот на Србија заврши со тепачка помеѓу фудбалерите во која бил инволвиран и тренерот на Војводина Ненад Лалатовиќ.

Натпреварот во Нови Сад не им значеше ништо на тимовите но донесе многу тензија на теренот. Војводина победи со 1:0, а по мечот нервозата на теренот се претвори во физичка пресметка.

Најлошо минал играчот на партизан Игор Вујачиќ кој во метежот бил удрен со тупаница по главата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');