Top Sport

Боатенг под знак прашалник за СП во Русија

Џером Боатенг поради повреда не го одигра до крај синоќешниот натпревар на Баерн против Реал (1:2), а во четвртокот „Билд“ и „Кикер“, објавија дека рехабилитацијата ќе трае помеѓу четири и шест недели.

Доколку прогонозите се точни тогаш Ботаенг ја заврши клупската сезона, во која Баерн веќе ја освои титулата, а на 19.мај ќе го игра финалето на Купот.

Она што повеќе ги загрижува Германците е веројатноста дека тој ќе го пропуши Светското првенство во Русија каде Германија ќе ја брани титулата.

Националните сојузи до 14.мај мора да ги достават пошироките списоци од 35 фудбалери, а конечните списоци од 23.играчи треба да бидат доставени до 4.јуни.

Актуелниот светски првак Германија подготовките за Мундијалот ќе ги започне на 23.мај во Италија.

фото: EPA

Scroll to Top