Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах фудбалскиот дрес го замени со хавајска „комбинација“ за да се преправи во ликот од Дизни, Мауи за да го прослави роденденот на својата ќеркичка.
„Јас, Мауи, ти ја носам Моана! Среќен роденден моја принцезо“, напиша Салах на Твитер со фотографија од прославата.
Тој беше облечен како Мауи, додека неговата ќеркичка Мака како Моана, ликови од анимираниот филм „Моана“ од 2016 година. Само можеби му недостасуваат малку килограми.
I, Maui, bring to you Moana! Happy birthday my princess. #Birthday #AmazingFather pic.twitter.com/LH0dHvK2Ua
— Mohamed Salah (@MoSalah) October 16, 2019