Дани Себаљос го поврзуваа со трансфер во Милан, тој кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, кај тренерот Унаи Емери. „Марка“ пишува дека клубовите ги договориле сите детали околу Себаљос.
Талентираниот фудбалер, кој неодамна со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство за играчи до 21 година, сезоната 2019/2020 ќе ја мина на позајмица во Арсенал.
„Марка“ не открива колкава сума ќе платат од Арсенал за позајмицата, туку информира дека клубот од „Емирејтс“ ја преземал неговата годишната плата која изнесува 2,7 милиони фунти.
Договорот помеѓу двата клуба не вклучува клаузула за откуп, што значи дека 22 годишниот фудбалер по завршувањето на сезоната ќе се врати во Мадрид.