Top Sport

Вонредна состојба во Буенос Аирес, стигна големиот Де Роси (видео)

Незапаметен интерес на аеродромот, Буенос Аирес е во транс. Со лет од Рим стигна легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси.

Доскорешниот капитен на „волчицата“ на аеродромот беше пречекан од голем број навивачи на клубот, па одвај се проби низ групата за да стигне до автомобилот кој го однесе до просториите на Бока Јуниорс.

Искусниот играч од средниот ред во Рим го прослави 36-тиот роденден, по што со аргентинскиот гигант потпиша едногодишен договор.

https://youtube.com/watch?v=N94go0ceXJs

Scroll to Top