Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, по поразот од Балкани (1:2) на дуелот во Скопје изјави дека е задоволен од тоа што го одиграле неговите избраници, но, сепак, не и од резултатот. Тој истакна дека не може да му честита на косовскиот тим, затоа што негово мислење е дека не бил подобар. Потенцираше и дека ништо не е завршено на овој двомеч, а Шкупи ќе се обиде да возврати на реваншот во Приштина.
„Ова беше добар натпревар, но подобриот тим не победи. Видовте и сами, имавме толку неискористени шанси. Одлично го отворивме мечот, а потоа примивме еден лесен гол. Не можам никако да му честитам на противникот, бидејќи победија со два удари кон голот среде Скопје. Поразот е моја одговорност, јас ги бирам играчите, јас одлучувам за играта и не можам за ништо да ги обвинам фудбалерите. Сакам да нагласам дека има уште 90 минути и како што победи Балкани овде, ние ќе се обидеме да победиме таму. Не треба да паничиме, напротив, сега треба да останеме смириме и да одиграме максимално на реваншот во Пришрина“, изјави Гоце Седлоски.