Top Sport

Седлоски се враќа во Динамо

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски во изјава за порталот „24 сата“ потврдил дека се враќа во Динамо Загреб.

„Можам да ви потврдам дека ќе го преземам вториот тим на Динамо. Ми се исполни желбата, ќе работам во Динамо. Познато е колку многу го сакам Загреб. Не знам кога ќе пристигнам во Загреб каде имам стан, се зависи од мерките кои се преземаат поради коронавирусот“, рекол Седлоски.

Последениот тренерски ангажман Седлоски го имал во Широки Брег.

Дресот на Динамо Седлоски го носел седум сезони, одиграл 190 натпревари, со „модрите“ освоил три титули, три Купа, два Суперкупа, а играл и во Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.

Scroll to Top