Top Sport

Серија А: Седум клуба се против продолжување на сезоната

Гласни се најавите дека наскоро ќе продолжи сезоната во Серија А. Сепак како стојат работите оваа идеја не ја подржуваат сите клубови во Италија. Седум клубови се против сезоната да продолжи.

Најгласни противници за продолжување на сезоната се Сампдорија, Торино и Болоња, а нивниот став го поддржале СПАЛ, Бреша, Парма, Удинезе. Се шпекулира дека против идејата е и Фиорентина иако од „Артемио Франки“ се уште не се изјасниле по ова прашање.

„Советот на Серија А одржа таен состанок на кој е потврдена намерата да се комплетира сезоната 2019/2020, секако доколку тоа го дозволи владата. Ова е целосно спротивно со правилата за заштита на здравјето и безбедноста. Одлуката може да се донесе само во координација со медицинските протоколи за заштита на фудбалерите и останатите вработени“, стои во заедничкото соопштение на седумте клубови.

Интересно меѓу клубовите кои се противат на продолжување на сезоната се наоѓаат и последно пласираните СПАЛ и Бреша. Коментарите во Италија одат во таа насока дека тие сметаат дека доколку сезоната биде поништена тогаш нема да испаднат од Серија А.

Scroll to Top