Top Sport

Драма во Сан Антонио, дербито на ЛА за Клиперс, лидерот падна во Финикс (Видео)

Два натпревари изминатата ноќ привлекоа големо внимание во НБА лигата, трилерот што во Тексас го одиграа Сан Антонио Спарс и Денвер Нагетс, односно дуелот на ривалите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс.

Сан Антонио среќно ја извлекоа победата против Денвер 114:113, иако на шест минути до крајот на мечот имаа предност од 18 поени. Денвер се вратија со неверојатна серија на поени, во која Џамал Мареј погоди четири, а Вил Бартон една тројка.

Драмата кулминираше во последните 49 секунди, кога Дерозан не реализира напад за Сан Антонио, потоа Мареј промаши тројка, а по офанзивниот скок уште еднаш не беше успешен, а откако топката дојде д Јокиќ тој беше блокиран од Олдриџ. На спротивната страна Геј ги промаши слободните фрлања, а последниот напад за Денвер не го реализира Херис.

Демар Дерозан со 24 поени, 6 скока и 7 асистенции, односно Ламаркус Олдриџ со 22 поени и 9 скока го предводеа Сан Антонио до 36 победа во сезоната.

Кај Денвер најефикасни беа Џамал Мареј со 25 поени и Никола Јокиќ со 22 поени, 10 скока и 6 асистенции.

ЛА Клиперс, во градската пресметка, веројатно им ги згаснаа сите надежи на ЛА Лејкерс и Леброн Џејмс дека оваа сезона ќе играат во плејофот. Клиперс победија 113:105. Лејкерси на последните 12 натпревари забележале само три победи.

Леброн Џејмс (27 поени, 8 скока, 6 асистенции) и Режон Рондо (24 поени, 10 скока, 12 асистенции) не можеа да го спречат поразот. Кај Клиперс се истакнаа Данило Галинари *23 поени) и Лу Вилијамс (21 поен).

За обележување е и победата на Финикс Санс, тимот што во целата лига се наоѓа на претпоследното место. Финикс триумфираа над лидерите во лигата Милвоки Бакс 115:105. Финикс се на 14 победи и 51 пораз, а Милвоки имаат 48 победи и 16 порази.

Во последната четвртина Санс ги декласираа противниците. Последната четвртина им припадна на Финикс со резултат 38:23.

Кели Урибе го предводеше Финикс со 27 поени и 13 скока, додека кај Милвоки Јанис Адетокумбо реализира 21 поен и 13 скока.

Scroll to Top