Top Sport

Карагер избра шестмина најдобри во Премиер лигата

Поранешниот играч на Ливерпул кој сега работи како стручен коментатор, Џејми Карагер, одбра шестмина играчи, што според него се најдобри во Премиер лигата.

Карагер на „Твитер“ порачал дека Еден Азар покажал дека е еден од најдобрите играчи во лигата. Ваквата констатација се должи на одличната партија што Белгиецот ја прикажа во средата против Ливерпул, во Карабао купот.

„Има многу играчи што би биле вклучени во дебатата на оваа тема. Сепак според мене најдобри се: Кевин Де Брујне, Еден Азар, Мохамед Салах, Серхио Агуеро, Давид Силва и Хари Кејн. Секој може да го оспори овој мој избор, но тие за мене се најдобрите што во моментов играат во Премиер лигата“, рекол Карагер.

Scroll to Top