Иако навивачите на Реал Мадрид сметаа дека двобојот е завршен по победата од 3:1 на „Стемфорд Бриџ“ благодарение на хет-трикот на Карим Бензема, Челси покажа зошто е европски шампион и ја избриша оваа предност со 0:2 водство на „Бернабеу“ со голот на Антонио Ридигер.
Челси имаа 0:1 со голот на Мејсон Маунт во првото полувреме, а само што започна второто, во 51. минута истиот фудбалер му нафрли на Ридигер, кој успеа да го совлада Тибо Куртоа.
Бидејќи во ЛШ веќе не важи правилото „гол на гости“, тоа значи дека севкупниот резултат е 3:3, односно доколку вака би завршело би се играле продолженија.
И на вториот вечерашен дуел од четврт-финалето е израмнето – Баерн Минхен има 1:0 водство против Вилјареал, откако Роберт Левановски во 52. минута ја стресе мрежата на гостите. Вилјареал има предност од 1:0 од првиот меч, така што севкупниот резултат е 1:1.
RUDIGER DE LA TÊTE POUR ALLER EN PROLONGATION ?‼️ #RMACHE
pic.twitter.com/9Udcsmoh4a— •Ɍ18•‘??’ (@rdixhuiit) April 12, 2022
LEWANDOWSKI STRIKES FOR BAYERN ? pic.twitter.com/bPjRKyJ39s
— PointsBet Sportsbook (@PointsBetUSA) April 12, 2022